Светскиот ден за борба против ракот се одбележува и во Македонија

Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ракот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам“ и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и на надлежните институции за превенција и за намалување на последиците од појавата на карциномите.

Кампањата се фокусира на информирање и на едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување соодветен пристап до здравствените услуги, обезбедување здрава животна средина и унапредување на политиките во однос на ова прашање.

Една од областите во кампањата за 2015 година е обезбедување пристап до здравствените услуги, а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги.

Извор: meta.mk