ЈП „Охридски Комуналец“ по повод одржување на манифестации и празнувања, спроведува вонредни активности за подигнување на степенот хигиена на локациите каде се реализираат манифестациите. По тој повод екипите на Јавна хигиена темелно ги расчистуваат локациите каде ќе се одбележува манифестацијата „Прличеви беседи 2016“.
„Се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на О.У.„Климент Охридски“, темелно се расчисти просторот околу спомен-куќата на нашиот ловороносец околу споменикот, и целиот простор во близина на Центарот за култура „Григор Прличев“.“– велат од претпријатието.