МВР вчера издало 2.173 потврди на мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.173 странски државјани, од кои 889од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште на едно дете кое патува без придружба, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 855 државјани наАвганистан, на 835 државјани на Сирија и на 483 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 04.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно60.146странски државјани, од кои 24.820се од машки пол, 12.873се од женски и 22.339се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-29.416, Авганистан-19.169иИрак-11.558.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 04.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 04.02.2016 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, една жена , три малолетни деца со придружба на старател,пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.