Во рамките на долгогодишната соработка со Американското катче од Струга, неодамна во гимназиската библиотека се одржа презентација на можностите кои ги нуди оваа организација.
На презентацијата присуствуваа голем број ученици од прва и втора година кои беа информирани за локацијата на катчето како би го посетиле, изнајмиле еден од бројните наслови на книги, материјали за подготовка за TOEFL тестирањето и учестувале на конверзациски часови на разни за нив интересни теми каде често за дебатите се повикани експерти од различни области на кои англискиот им е мајчин јазик. Презентацијата и гостувањето е со посредство на наставниците по англиски јазик од прва и втора година, Нела Коњановска-Танеска и Ана Топенчарова- Коваческа.
Интернационалната мрежа на Американски катчиња покрај тоа пружа помош и дава информации околу студирањето во САД, нивните универзитети, можности за стипендирање, нуди пристап до информации за културата, историјата, системот и уредувањето на оваа земја.