За прв пат од почетокот на кризата со бегалците и мигрантите во Европа, има повеќе деца и жени што патуваат кон Европа во споредба со возрасни мажи, вели УНИЦЕФ.
Децата и жените сега сочинуваат речиси 60 проценти од бегалците и мигрантите што ја преминуваат границата од Грција во Гевгелија. Во моментов 36 отсто од оние кои ризикуваат патувајќи по морски пат меѓу Грција и Турција се деца. Оваа бројка може да биде повисока меѓутоа, многу деца не се изјаснуваат за својата возраст, се додека не стигнат до целта.
„Импликациите од ова зголемување на процентот на деца и жени во движење се големи – тоа значи повеќе се изложени на ризик додека патуваат по морето, особено сега во текот на зимата, и многу повеќе им е потребна заштита кога ќе стигнат на копно“, – вели Мари Пјер Поарие, специјалниот координатор на УНИЦЕФ за бегалската криза и мигранти во Европа. „Треба да се зајакне благосостојбата и системите за заштита и здравје на секој чекор од патот за децата и жените да не станат жртви на експлоатација и злоупотреба.“
Од јуни 2015 година, кога мажите претставуваа 73 проценти од мигрантите, има голем скок во бројот на децата и жените во движење, додека во јуни 2015 децата сочинуваа 10 отсто сега повеќе од една третина на сите бегалци и емигранти се деца.
Иако точниот број на деца што патуваат без придружба на родител или старател или се разделени од нив не е позната, 35.400 малолетници побарале азил во Шведска, претежно млади Авганистанци, додека Германија има повеќе од 60.000 непридружуваните адолесценти првенствено од Сирија, Авганистан и во Ирак.
УНИЦЕФ потенцираше дека сите деца треба да биде приоритет на секој чекор од патот – тие треба да бидат целосно информирани за нивните права да побараат азил и повторно да се соединат со своите семејства во Европа. Пред да се преземат било какви дејствија треба да се земе предвид најдобриот интерес на секој поединец. УНИЦЕФ го поддржува правото на сите деца на семејно обединување особено затоа што децата кои живеат и патуваат без поддршка на семејствата се во опасност од злоупотреба и експлоатација од страна на шверцерите и трговците со луѓе.