Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/15и129/15), Општина Охрид, на ден 15.01.2016 донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ ЛУПД за ГП1 наменета за изградба на хотел (хотелски комплекс– Б5) на КП 2617/1 и КП 2618/1 КО Коњско (Туристички комплекс Св.Стефан) Охрид, Општина Охрид кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ЛУПД за ГП1 наменета за изградба на хотел (хотелски комплекс– Б5) на КП 2617/1 и КП 2618/1 КО Коњско (Туристички комплекс Св.Стефан) Охрид,Општина Охрид определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
3. За планскиот документ ЛУПД за ГП1 наменета за изградба на хотел (хотелски комплекс– Б5) на КП 2617/1 и КП 2618/1 КО Коњско (Туристички комплекс Св.Стефан) Охрид, Општина Охрид за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .