Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 5,14%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 41,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 29,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,246 ден/кг.