Министерот Спасовски на средба со полицајците од ПС Мазрача

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посетите полицајците во полициската станица Мазрача, за да ги види условите во кои работат и проблемите со кој се соочуваат, како и да им одаде признание и подршка за чувањето на државната граница.

„Полицајците имаат сериозен проблем со начинот на сменското работење и тука ќе мора да побараме решение заедно со министерството за труд и социјална политика, додека за другите проблеми што се однесуваат на престојот во полициската станица министерството ќе обезбеди средства за нивно решавање“, рече Спасовски.

Потоа министерот Спасовски ги посети полициските станиците во Гостивар и во Тетово.