Организирана група на крадци повеќе од една година оперирала во Радовиш и Конче

НК за КР Радовиш поднесе Кривична пријава против лицата Т.А. (38) од Кочани и E.А. (23) од Македонска Каменица, како и Известување до ОЈО Струмица против петнаесетгодишник од Виница поради постоење основи на сомнение дека сториле 31 кривично дело во периодот од 01.12.2014 година до 17.01.2016 година. Од вкупниот број на извршени кривични дела 25 се “тешки кражби“ , две кривични дела се “кражба“ и четири кривични дела се “одземање на моторно возило“. Имено, првопријавениот Т.А. заедно со малолетникот учествувале во извршување на сите кривични дела, а додека второпријавениот Е.А. учествувал во извршување на 12 кривични дела.

По превземени оперативни тактички мерки и активности на 17.01.2016 година околу 15.00 часот во атар на с. Дамјан, радовишко, фатени се и лишени од слобода Е.А. и петнаесетгодишникот, а додека Т.А. не е пронајден и по истиот е распишана потерница. При лишување од слобода кај наведените лица се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени пари во разни банкноти и монети, златник, мобилни телефони и многу други предмети.

Објект на напад на групата биле манастири, цркви, продавници, стан, патнички моторни возила и винарска визба. Делата ги извршувале на начин што со погоден алат и секира ги разбивале влезните врати, ги кршеле катанците на истите, кршеле стакло од врати и прозори. На тој начин сторителите се стекнале со противправна имотна корист од 431.450,00 денари.