Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.817 странски државјани, од кои 670 од машки и 390 од женски пол, како и на 756 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 826 државјани на Сирија, потоа на 641 државјани на Авганистан и на 350 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 10.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 74.690 странски државјани, од кои 30.148 се од машки пол, 16.177 се од женски и 28.220 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-36.003, Авганистан-23.565 и Ирак-15.119.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 10.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.02.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 18 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.