Од денеска членовите на Библиотеката имаат можност да изнајмуваат нови наслови. Станува збор за книгите: „Ноќта кога дојдоа сватовите“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, „Сенки од минатото“ од Лусинда Рајли, „Невидливиот“ од Сајрус Копланд, „Длабоко во душата“ – од Јасмина Кадра, „Ако не те видам никогаш повеќе“ од Лаура Мартинез Бејли, „Господар на злото“ од Донато Каризи и многу други.
Комплетниот список на ново набавени наслови читателите може да го најдат на веб локацијата на Библиотеката: www.bibliotekaohrid.mk.
Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ поддржан од Министерството за култура на РМ.