Невремето проследено со силен јужен ветер и големите бранови, наталожија огромно количество отпад по крајбрежието на охридскиот кеј.
„Големи количини од тешко разградлив отпад (пластика, хартиена амбалажа и најлони кеси) езерскиот бран имаше наталожено покрај пристаништето, како и во близина на старото пристаниште кај х.Палас. Пешачката зона на охридскиот кеј беше прекриена со песок и трска. Подигнати се 8 м3 разновиден комунален отпад, а кејот е темелно расчистен и вратен во нормална состојба. Овие слики станаа вообичаени после силен јужен ветер, но со нив станува се` поевидентна и негрижата кон животната средина.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.