Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.027 странски државјани, од кои 378 од машки и 240 од женски пол, како и на 402 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 525 државјани на Сирија, потоа на 323 државјани на Авганистан и на 179 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 13.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 80.176 странски државјани, од кои 32.014 се од машки пол, 17.363 се од женски и 30.631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-38.752, Авганистан-25.222 и Ирак-16.199.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 13.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.