Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2015 година изнесува
40 333, а бројот на ноќевањата изнесува 77 423.
Бројот на туристите во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 24.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19.7%.
Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 27.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14.0%.
Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.5%, а кај странските има зголемување за 14.2%.
Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 12.3%.