Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вечер во Охрид ќе ја отвори НАТО – напредната школа „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“.
Како што соопштуваат министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора и 17 експерти од областа од НАТО, ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и регионот.
Школата, која ќе трае до 19 февруари ќе се разговара и за тоа колку е сериозна заканата од современиот тероризам, причините, методите и процесот на радикализација, тактиките на дејствување, влијанието на бегалската криза врз безбедноста во контекст на заканите од тероризам.
Извор: meta.mk