Тунтев: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, МТВ ќе биде сервис на граѓаните

„21 милион евра треба да донесеме одлука да бидат одобрени со финансискиот план за МТВ за 2016 година. Тоа е величина на Буџет на една општина. Општина Охрид нема толкав Буџет. 67% од средства се наплаќаат од радиодифузна такса. Тоа е онаа позната давачка, со која имаш телевизор, немаш телевизор, гледаш МРТ, не гледаш МРТ, нема врска. Има да си платиш. СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса, затоа што е нелогична давачка“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.