Претседателот на СДСМ Заев се сретна со Известителите на мониторинг комисијата на Советот на Европа

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во придружба на заменик претседателката Радмила Шекеринска и Рената Дескоска, пратеничка и потпретседателка на Собранието на Р. Македонија попладнево се сретнаа со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинската имплементација.

sredba1_1602

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

Претседателот Заев додаде дека без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не може да има фер, демократски и слободни избори.

„Само со исполнување на овие два услови, во Македонија може да се спроведат фер и демократски избори коишто ќе обезбедат почитување на слободно изразената волја на граѓаните и пред се стабилност на државата“ заклучи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

sredba3_1602