Денес, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Др. Јожеф Бенце.
На средбата двајцата соговорници го изразија своето задоволство од интензивната соработка помеѓу двете земји на сите полиња, потенцирајќи ја соработката околу внатрешните работи. Воедно, разменија мислења за тековната ситуација околу политичката криза во Република Македонија и за справувањето со миграциската криза, при што Амбасадорот ја истакна поддршката што Унгарија несомнено и ја дава на Република Македонија во овие области.