Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 1.212 странски државјани, од кои 493 од машки и 269 од женски пол, како и на 439 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 11 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 713 државјани на Сирија, потоа на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 18.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 83.188 странски државјани, од кои 33.161 се од машки пол, 18.021 се од женски и 31.808 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.174, Авганистан-26.059 и Ирак-16.952.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 18.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 18.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 18.02.2016 година евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои 17 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.