Проект „Стоп на пороците“

Во рамки на Проектот „Стоп на пороците“, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа обука на волонтери од Црвен крст на Република Македонија, кој активно ќе бидат вклучени во реализација на проектот. На обуката беа присутни волонтери од Кавадарци, Прилеп, Охрид и Скопје.

Главен обучувач на обуката беше доктор Лилјана Игнатова, која успеа подетално да ги информира учесниците околу техниките на делување во делот на волонтерството и проектот. Инаку, во изминатиот период во рамки на проектот беа опфатени 10 општини, со извршени презентации во основните училишта на околу 7000 ученици.

Во текот на декември 2015 година побликувана е и брошура „КАЖЕТЕ И НЕ НА ДРОГАТА – КАЖЕТЕ МУ ДА НА ЖИВОТОТ!“, која ќе биде дистрибуирана на учениците од основните училишта.

Проектот во текот на 2016 година продолжува со реализација во Скопје, Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Ams_poroci_122_cr