Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 799 странски државјани, од кои 333 од машки и 164 од женски пол, како и на 295 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и7 деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, 476 потврди се издадени на државјани на Авганистан,потоа 234 на државјани на Сирија и 89 потврди се издадени на државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 19.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно83.987странски државјани, од кои 33.494се од машки пол, 18.185се од женски и 32.103се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.408, Авганистан-26.535 и Ирак-17.041.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 19.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.