Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 1.8%, во приградскиот превоз е намален за 9.0%, во меѓуградскиот превоз е намален за 33.9%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2.7%.
Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за4.5%, во приградскиот превоз за 30.4%, во меѓуградскиот превоз за 46.2%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.6%.