Хан порача: Важен е квалитетот на изборите, а не нивниот датум

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, вечерва преку својот твитер-профил порача дека поважна е суштината и квалитетот на изборите, отколку датумот на кој тие ќе се одржат.

„#Скопје, #Пржино договор: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот. Прочитајте го писмото што вечерва #ЕУ-#САД го доставија до премиерот #Димитриев +политичките лидери“, напиша Хан на „Твитер“.

Реакцијата на еврокомесарот доаѓа по изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, кој вечерва ја соопшти оцената на ЕУ и на САД за условите за одржување на изборите на 24 април.

Во писмото се наведува дека засега не се создадени услови за одржување на избори на 24 април и оти политичките партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино и да создадат услови за веродостојни избори, кои ќе се одржат во најбргу што може.

Извор:meta.mk