Издадeни 372 потврди на државјани на Сирија, Авганистан и Ирак

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 372 странски државјани, од кои 104 од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот на потврдата за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, 250 потврди се издадени на државјани на Сирија, 113 потврди се издадени на државјани на Ирак и 9 потврди се издадени надржавјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 20.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 84.359 странски државјани, од кои 33.598 се од машки пол, 18.287 се од женски и 32.269 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.658, Авганистан-26.544иИрак-17.154.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 20.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.