Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,26%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.02.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 57,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво утврдена со Одлуката од 08.02.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 41,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.02.2016 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 30,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,573 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 08.02.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 14,673 ден/кг.