Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 773 странски државјани, од кои 219 од машки и 224 од женски пол, како и на 328 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, потврди се издадени на 611 државјани на Сирија,потоа на 160 државјани на Ирак и на двајца државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 21.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 85.132 странски државјани, од кои 33.817 се од машки пол, 18.511 се од женски и 32.597 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 207 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.269, Авганистан-26.546иИрак-17.314.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 21.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 21.02.2016 година, до Секторот за азил поднесени се шест барањаза признавање на право на азил на 11 државјани од Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.