Продолжува обновувањето на подовите во училниците во ОУ „Св. Климент Охридски“

Од ОУ „Св.Климент Охридски“ информираат дека за време на викендот продолжија активностите за поставување на ламинатен под на северните училници од предметна настава.

Поставувањето на ламинатен под се одвива како што е планирано и предвидено во годишната програма за работа на училиштето.