Европскиот парламент го одложи гласањето за резолуцијата за Македонија

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, го одложи гласањето за резолуцијата за Република Македонија, која, според предлогот на известувачот Иво Вајгл, треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија.

Според информациите од ЕП, европратениците чекаат да видат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни избори во Македонија за да може и овој дел да влезе во резолуцијата што се однесува на извештајот за напредок во евроинтеграциите на Македонија, кој го подготвува Европската комисија.

Извор: meta.mk