Непознат сторител украл пари од казино во Струга

Вчера околу 04.10 часот во Струга на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во казино „Тhe Slots“ непознат сторител извршил тешка кражба при што од касата одзел 194,367 денари.

Имено, сторителот со алат ја отворил влезната врата од помошната просторија, потоа се упатил кон главниот влез каде се разминал со вработените, влегол внатре и од касата ги одзел парите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.