Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици во областа на комунално уредување на Општина Охрид, а во рамките на тековниот тендер за асфалтирање на пристапни улици и патишта,градежната оператива на економскиот оператор „АС Сењак“ од Кичево отпочна со подготвителните активности за асфалтирање и тампонирање на еден крак од ул. „ Крум Точко“ .
Во рамките на овој проект,ќе бидат асфалтирани вкупно 400 метри квадратни со што ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните коишто живает и гравитираат на овој потег.