Семафорите на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала, повторно се во функција.
Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, апелираат дека поради близината на училиштето, треба да се почитува сообраќајната сигнализација и таа да се заштитува од вандалското уништување од страна на несовесните граѓани.