Денес екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на локалниот пат на потегот од с.Косел се до селата Вапила, Сирула и Ливоишта. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција во соработка со месните заедници од истите села.
„Беа подигнати околу 30тина вреќи расфрлан комунален отпад. Повторно апелираме до месното население да не го расфрлаат комуналниот отпад, да го депонираат на местата определени за тоа бидејќи благовремено ЈП „Охридски Комуналец“ врши подигнување на истиот во деновите одредени за тоа.“- велат од претпријатието.