Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес ќе учествува на Безбедносна конференција посветена на задачите и предизвиците на НАТО во пресрет на Самитот на Алијансата во Варшава, која ќе се одржи во Будимпешта, Република Унгарија.
Во фокусот на Конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Евро-атлантскиот регион во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава и промовирање на интензивни дискусии со цел изнаоѓање на решенија за состојбите за кои се уште не постои обединета позиција или недоволна соработка.
Во рамки на Конференцијата, на Панел дискусија посветена на европската безбедносна перспектива пред Самитот на НАТО во Полска, министерот Попоски ќе настапи заедно со Петер Сијарто, Министер за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Мирослав Лајчак, Заменик-премиер и министер за надворешни и европски работи на Словачката Република и Тед Вајтсајд, Заменик-генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.