Согласно член 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република“ бр. 78/15, 106/15 и 153/15) и Одлуките за продажба на движни ствари бр. 42-628/5, 6 и 7 од 10.02.2016 година и 42-682/ 1, 2, 3, 4, 8, 9 и 10 од 10.02.2016 година, Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана објавува
ОБЈАВА бр. 1/2016
за продажба на движни ствари- војнички кучиња
по пат на електронско јавно наддавање
1. Предмет на продажба се движни ствари – војнички кучиња утврдени со Одлуките за продажба на движни ствари бр. 42-628/5, 6 и 7 од 10.02.2016 година, 42-682/ 1, 2, 3, 4, 8, 9 и 10 од 10.02.2016 година и решенијата на министерот за одбрана бр. 03-1479/1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 од 22.02.2016 година и тоа:
– куче Тана, тетовир бр. 147, раса Белгиски овчар, пол женски, боја лавја, дата на раѓање 10.09.2015 година, со почетна цена од 4450 денари;
– куче Монд, тетовир бр. 84, раса Лабрадор, пол машки, боја црна, дата на раѓање 21.08.2015 година, со почетна цена од 4500 денари;
– куче Макс, тетовир бр. 83, раса Лабрадор, пол машки, боја црна, дата на раѓање 21.08.2015 година, со почетна цена од 4500 денари;
– куче Џони, тетовир бр. 910, раса Германски овчар, пол машки, боја жолта со црн плашт, дата на раѓање 10.03.2015 година, со почетна цена од 4500 денари;
– куче Бимба, тетовир бр. 925, раса Германски овчар, пол женски, боја жолта со црн плашт, дата на раѓање 30.10.2015 година, со почетна цена од 4400 денари;
– куче Бил, тетовир бр. 13, раса Лабрадор, пол машки, боја црна, дата на раѓање 03.09.2006 година, со почетна цена од 2350 денари;
– куче Бела, тетовир бр. 927, раса Германски овчар, пол женски, боја жолта со црн плашт, дата на раѓање 30.10.2015 година, со почетна цена од 4400 денари;
– куче Беа, тетовир бр. 926, раса Германски овчар, пол женски, боја жолта со црн плашт, дата на раѓање 30.10.2015 година, со почетна цена од 4400 денари;
– куче Бак, тетовир бр. 14, раса Лабрадор, пол машки, боја црна, дата на раѓање 03.09.2006 година, со почетна цена од 2350 денари;
– куче Аска, тетовир бр. 919, раса Германски овчар, пол женски, боја жолта со црн плашт, дата на раѓање 06.09.2015 година, со почетна цена од 4450 денари;
2. Продажбата на движните ствари ќе ја спроведе Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана, формирана со Решение бр.02-4910/1 од 03.09.2016 година по пат на јавно електронско наддавање, за секое куче посебно.
3. Јавното електронско наддавање ќе се изврши на интернет страницата е-aukcii.finance.gov.mk на 11.03.2016 година со почеток во 11.00 часот.
4. Увидот на движните ствари – војнички кучиња, ќе се одржи на локација – Центар за обука и дресура на кучиња во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје на ден 01.03.2016 од 11.00 до 12.00 часот.
5. Цената за продажба на движните ствари – војнички кучиња, е утврдена со проценка од страна на овластен проценител м-р. Бранко Чурилов од ДППТУ АБЦ-Бротхер ДООЕЛ Скопје бр. 1993-2015, 606-2015 и 863-2015.
6. Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет страница: е-aukcii.finance.gov.mk
Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите домашни и странски правни и физички лица кои ќе достават:
– пријава за учество,
– копија од документ за лична идентификација или тековна состојба на правното лице,
– банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 500 денари со рок на важење 60 дена од издавањето.
7. За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават на системот до истекот на 10-от ден, сметано од денот на објавување на објавата во дневните весници и на интернет страницата.
Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, во рок од три дена по истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
8. Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:
– Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите во член 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 153/15).
– За да се одржи јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.
– За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена, која претставува највисока цена за продажба на движните, односно движните ствари.
– Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор, да уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана и понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.
– Носителот на правото на сопственост со најповолниот понудувач, ќе склучи договор за купопродажба во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на движната ствар.
– За купените движни ствари – службени кучиња, на купопродажната цена се пресметува данок на додадена вредност во висина од 18%. Данокот за додадена вредност и евентуалните нотарски трошоци за купопродажба на движната ствар ќе паднат на товар на купувачот.
9. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот. Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
За информации заинтересираните лица да се обратат до Министерството за одбрана, лице за контакт Елвин Ејуб тел. 02/328-2377 и 070-403-123.
Комисија за недвижни и движни ствари
на Министерство за одбрана