Средба на Министерот Спасовски со амбасадорот на Словачка Мартин Безак

Денеска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорот на Словачка Република во Република Македонија, Н.Е. Мартин Безак.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од интензивната соработка помеѓу двете земји, а особено беше потенцирана соработката што ја имаат министерствата за внатрешни работи. Воедно, беше разговарано и за миграциската криза, активностите и операциите кои се преземаат за справување со неа, како и за подготвеноста на Словачка и натаму да и помага на Македонија со персонал и друга потребна помош за справување со последиците од мигрантската криза. Министерот Спасовски и Амбасадорот Безак разменија мислења и за политичката криза во Република Македонија и работата на Министерството за внатрешни работи, при што Амбасадорот ја истакна поддршката што Словачка Република и ја дава на Република Македонија за решавање на проблемот односно целосно исполнување на Договорот од Пржино и стабилизирање на политичката ситуација.