ОУ „Св.Климент Охридски“ се приклучи во одбележувањето на кампањата „Прегрни ја реткоста -прегрни за гинис“

Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид денес вработените и учениците се придружија на интернационалната кампања под мотото „ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС!“.

Акцијата се спроведува како поддршка на заболените од ретки болести, а по повод 29ти февруари, Светскиот ден на ретки болести.

„Училиштето денес беше исполнето со прегратки, насмевки и позитивна енергија помеѓу учениците, наставниците, хигиеничарите, управата и сите останати вработени кои се гушкаа во своите училници, на скалите, во холот и училишниот двор. Со учество во оваа кампања, училиштето ја поттикнува емаптијата кај своите ученици за проблемите со кои се соочуваат заболените од ретките болести. “– велат од училиштето.