Премиера на театарската претстава „Убавицата и Ѕверот“

Во Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид, охридскиот Народен театар, во недела(28ми февруари) премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Убавицата и Ѕверот” на Чарлс Перолт, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ивица Цонев.

Претставата е со почеток во 12:00 часот, а влезот чини 100 денари.