Вчера во 06.44 часот во Полициската станца – Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар Струга било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице кое не е контактибилно.
По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.С. (33) од Струга. Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Клиничкиот Центар Скопје – Оддел за токсикологија, каде е задржан за понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.