Вчера околу 15:20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл„Сузуки“управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17:20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.