Поради изградба на кружниот тек, утре во времето од 08 часот до 13 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Туристичка“. Предвидено е затворање за сообраќајот во двата правци на потегот од пресекот на булеварот „Туристичка“ со булеварот „АСНОМ“ до пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“.
Целосното затворање за сообраќај е поради замена на подземната инфраструктура што треба да ја изведе јавното претпријатие „Проаква“ работна единица „Водовод“.
Поради овие предвидени градежни активности, од СВР Охрид ги повикуваат сите учесници во сообраќајот на разбирање за потребите и оправданоста на градежните зафати, користење на другите улици за сообраќај како и почитување на поставените сообраќајни знаци и насоките на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.