Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција расчистуваа на влезот на Охрид кај “петљата”, расфрлан и намерно депониран комунален отпад, при што беа ангажирани 4ца комунални работници.
Од претпријатието со апел до населението да не создаваат диви депонии, отпадот да се депонира во депонија ако е во поголеми количини или граѓаните можат да се јават кај службите на ЈП „Охридски Комуналец“ за подигнување на истиот.