Охридските гимназијалци се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, во соработка со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Општиснкото средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваше во активностите со кои се одбележа денот под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести.

Активностите беа насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.

retki2

Во рамките на тоа ученици од Охридската гимназија учествуваа во атлетскиот крос што се одржа по кејот на Охридското езеро, како и учествуваа во искачувањето на врвот Магаро на Галичица за испраќање на пораката „Прегратки за реткоста“ кон оние кои се соочуваат со ретките болести.

retki3