Вчера во 20.00 часот на ГП Табановце поради сомнение дека извршиле кражба на златарница во Охрид приведени се лицата М.Ц., Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67), сите од Романија.
При преглед кај Л.А. се пронајдени три златни ланчиња, додека при претрес на нивното ПМВ „Форд“ со германска регистарска ознака пронајден е и останатиот златен накит. Во 21.30 часот со потврда за предавање, лицата и предметите се предадени на инспектори од СВР Куманово за понатамошна постапка.