Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци. Изградбата на колекторскиот систем е проект на Општина Дебрца во соработка со Министерството за транспорт и врскипреку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води“ со грант обезбеден од Европската Инвестициона Банка. Инвестицијата е во вредност од 13.706.061,0денари. На терен градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена со договорот за изградба на колекторскиот систем, односно изградени се 7,5 км цевковод, од вкупно 8,5 км предвидени за реализација, согласно проектната документација.
Регионалниот колектор за одведување на отпадни води предвидува изградба на цевковод од полиетиленски цевки Ф-400 мм и Ф-300мм со должина од 8,5 км со вкупно 200 бетонски шахти, проектиран во согласност со сите стандарди, со кој ќе се овозможи приклучување на сите населени места низ кој што поминува трасата на Регионалниот колектор, односно ќе се овозможи поврзување на канализационите мрежи од Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци.
Градоначалникот Трајкоски при посетата нагласи дека Фекалната канализациона мрежа во Мешеишта е веќе изградена, а во исто време со изградбата на Регионалниот колектор на терен течит изградбата на Фекалната канализациона мрежа во Горенци, која ќе биде изградена со завршувањето на Регионалниот колектор и ќе се овозможи поврзување на населението од овие населени места со фекалната канализација, со што ќе се спречи собирањето на отпадните води во септички јами и ќе се намали загадувањето на подземните води и уништувањето на животната средина.