Активности на екипите на „Паркови и зеленило”

Во изминативе неколку дена екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” почнаа со активности околу уредување на дрвата во градинките со сечење на израснатите гранки кои надвисуваа над објектите и коловозот, велат од претпријатието.

Додаваат дека екипите ги чистеа тротоарите од израснатата трева и се садеа нови садници на кружниот тек кај Охридска Банка.