Доделени наградите на најдобрите на „Спортскиот ден“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа основните  училишта од Охрид и Дебрца.

Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, футсал, баскет

Најдобрите во футсал

Првото место го освоија учениците од ОУ „Христо Узунов“, второто место ОУ „Св.Наум Охридски“ и третото место учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“.

Најдобри во шах (машки и женски) 

Првото место го освои Антонио Достиноски од ОУ „Живко Чинго“, второто место Гзим Демироски од ОУ „Братство-Единство“, третото место го овои Кристијан Достиноски од ОУ „Живко Чинго“.

Во женска конкуренција наградите ги овоија: прво место – Јана Ангелкоска од ОУ „Григор Прличев“, второ место – Симона Бошковска од ОУ „Св.Климент Охридски“, трето место – Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“.

Најуспешни во Пинг-понг (машки и женски)

Медалите во Пинг-понг машка конкуренција ги освоија: прво место – Христијан Стефаноски од ОУ „Христо Узунов“, второ место Виктор Наумоски од ОУ „Григор Прличев“ и трето место Филип Наумоски од ОУ „Св. Наум Охридски.

Пинг-понг во женска конкуренција освоија: прво место Теодора Танеска од ОУ „Христо Узунов“, второ место Кристина Китрозоска од ОУ „Живко Чинго“ и  трето место Кристина Маркоска од ОУ „Живко Чинго“.

Најдобри во баскет (мажи и жени)

Најдобри во баскет во машка конкуренција беа: прво место ОУ „Христо Узунов“1, второ место ОУ „Христо Узунов“2  и трето место ОУ „Ванчо Николески“.

Најдобри во баскет во женска конкуренција: прво место „ОУ Христо Узунов“ 1, второ место ОУ „Христо Узунов“2 и трето место ОУ „Св.Климент Охридски“.

„Спортскиот Ден“ беше во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа.

WebOhrid/А.Андриоски