Издадeни 316 потврди на државјани на Сирија и Ирак

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 316 странски државјани, од кои 111 од машки и 76 од женски пол, како и на 127 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 03.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 88.644 странски државјани, од кои 35.102 се од машки пол, 19.371 се од женски и 33.951 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 220 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.886, Авганистан-26.546 и Ирак-18.209.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 03.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.