По повод верскиот празник „Задушница“, утре посебен сообраќаен режим

По повод верскиот празник „Задушница“ утре (05.03) во перидот од 06,00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до гратските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“. Така на гратските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“ во продолжение по локалниот пат за с.Мирковци и лево по улица „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата. Додека пак излегувањето ќе се одвива десно по ул „Боца Иванова“ кон улица „Александар Урдаревски“.

По однос на сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ истиот ќе биде непосредно регулиран со присуство на сообраќајна полиција.