Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз од Цедевита во Загреб од 89:64 (22:10; 25:17; 24:19 и 18:18) сезонава го заврши настапот во силната регионална АБА лига. Евролигашот Цедевита ја оправда улогата на фаворит и без поголеми проблеми славеше лесна победа над МЗТ Скопје Аеродром во последното 26 коло од регуларната сезона во АБА.
Во редовите на победникот Цедевита најрасположени за постигнување на поени беа Миро Билан и Хенри Вокер со по 16 поени, кај МЗТ најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац со 21 поен.
Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Цедевита 19-7, Црвена Звезда 19-6, Мега 16-9, Партизан 12-13, Цибона 11-14, Задар 11-14, МЗТ Скопје 10-16, Олимпија 10-15, Крка 10-15, Игокеа 10-15, Металац 10-15, Сутјеска 9-16, Тајфун 7-18.