Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 6,02%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.02.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.02.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 43,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.02.2016 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.02.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,697 ден/кг.